Компанијата ќе плати концесиски надомест за таа намена во износ од 1.500.000 денари. Понудата на домашната компанија била највисока од вкупно доставените три на јавниот повик распишан во средината на ноември минатата година преку кој Владата бараше концесионери за истражување на минерални суровини.
Од трите доставени понуди за „Алшар“, покрај македонската, една е од мешовита компанија со домашен и странски капитал, а една со странски капитал.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска на прес-конференција информира дека на повикот преку кој за истражување беа понудени 61 локалитет, се доставени понуди за вкупно 49 локалитети. За локалитетите за истражување на неметални минерални суровини се доставени понуди за 17, а за метални минерални суровни за 28 локалитети. Понуди се доставени за сите четири локалитети што беа понудени на повикот за украсен камен, а нема ниту една понуда за концесијата што се нудеше за истражување геотермална вода.
Понудите за сите локалитети се од 20 компании од кои девет странски. По основ на надомест за концесија за детални геолошки истражувања ќе се наплатат 44 милиони денари. Од тие пари согласно Законот за минерални суровини 78 проценти ќе бидат приход за буџетот на општината на чија територија ќе се врши концесиска дејност, а 22 проценти за државниот Буџет.
Според Сарачини, повикот преку кој Владата бараше концесионери за истражување минерални суровини на 61 локалитет е најголем досега и претставува мерка за поттикнување на развојот на оваа област и на целата економија.
– Преку новиот Закон за минерални суровини создадовме услови за одржлив развој на рударскиот сектор и зголемување на приливот на инвестиции во него преку скратување и поедноставување на процедурите, посочи Сарачини.
Компаниите што доставиле понуди за испитување на локалитетите треба во рок од 30 дена да ги уплатат финансиите што ги понудиле на јавниот повик по што во рок од две години кај металичните суровини да ги извршат истражувањата, а кај неметаличните за четири години. Доколку има позитивни резултати ќе следи добивање концесија и за експлоатација на минералната суровина што ја откриле на тој локалитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст