Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов бил голем фан на музиката на Светлана Цеца Ражнатовиќ и најавил дека ќе присуствува на нејзиниот концерт што е закажан за 28 јуни на Ушќе.
Заедно со Борисов, како што најавиле од бугарската амбасада во Белград, ќе дојдат и други бугарски политичари кои ја обожаваат музиката на Цеца.

Покрај експремиерот, интерес за Цеца покажале и некои поранешни министри, но и актуелни министри од кабинетот на Орешарски. Ако се исполни најавеното, тие ќе го следат концертот од ВИП ложи заедно со нивните колеги од Србија. Се претпоставува дека на концертот ќе присуствуваат и српскиот премиер Ивица Дачиќ и претседателот Томислав Николиќ, кои имаат добри односи со пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


