| четврток, 6 декември 2018 |

Ученик со секира ги нападнал соучениците и ја запалил училницата

Седум ученици од седмо одделение и нивната наставничка се повредени, од кои еден потешко откако 15 годишно момче ги нападнало со секира и фрлил Молотов коктел во училницата која се запалила.

Настанот се случил во рускиот град Улан Уде на Бајкалското езеро во Сибир. Момчето потоа се прободело во градите со нож и скокнало од прозорецот на училницата на третиот кат. Полицијата го уапсила и под стража е сместен во болница.

Во регионот Бурјатија ова е трет сличен напад за само една недела, а полицијата истражува поврзаност меѓу нападите.

Учениците сметаат дека причина за нападот би можела да биде слабата оценка што тој ја добил од наставничката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top