| четврток, 6 декември 2018 |

Му ветиле работа во Германија и му украле 80 илјади денари

Во текот на вчерашниот ден, И.М.(32) во полиција пријавил дека од 11-ти до 16-ти месецов бил измамен од страна на лицето Д.К. во врска со претходна објава на оглас за вработување во Германија.

Оштетениот контактирал за работата во Германија со лицето Д.К. при што овој му рекол дека треба да почнат веднаш со постапката на уплаќање за превод на формулари од македонски на германски јазик и плаќањето да го изврши на жиро сметка во банка, при што оштетениот направил повеќе трансакции на жиро сметка во износ од 80.000 денари.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top