| четврток, 6 декември 2018 |

Каде бе Лино?! И Червар се пушти во одбрана во последниот напад на Белосрусите (видео)

Осум секунди пред крајот на средбата, Хрватска водее со (24:23), ама играчите на Белорусија имаа напад.
Во акцијата за израмнување и бод, во драматичната завршница, Карватски тргнува кон голот на Хрватска, и тоа покрaј десната страна, до самата аут-линија.

Тогаш, јасно се гледа на снимката, селекторот на Хрватска, Лино Червар, го повлекува околу појасот со помош на десната рака, после што се обидува истото да го направи и со левата рака. Но белорускиот репрезентативец некако успева да се тргне и д апродолжи со играта.

Во продолжение на играта на Белорусите им беше досудена „фаул во напад”, по што Копљар погодува зa конечни (25:23) во корист на Хрватска, за прва победа во вторито круг од натпреварите на евро-шампионатот.

Или уште една потенцијална афера на првенството по онаа на средбата Германија-Словенија во која во главна улога беа литванските судии кои и „подарија“ бод на германската селекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top