Еден од најдобрите светски ракометари, Лука Циндриќ, воопшто не штедеше комплименти за играта која ја прикажуваат нашите ракометари, но посебно интересен коментар даде за утката на неговиот соиграч Столе Стоилов во натпреварот со Германија, момент кој многу лесно можеше да ни ја донесе победата и пренесување на четири бода во групата во Вараждин.
Циндриќ порача дека го гледал натпреварот и дека навивал за Македонија, а меѓу другото, посочи дека утката на Столе го потсетила на онаа на Хорват од минатата година кога неговиот сонародник го утна кобниот пенал во полуфиналето со Норвешка.
– Што може да се каже, сигурно не му е лесно на Столе. Јас ја вкусив горчината на такво нешто минатата година во Франција кога Хорват го промаши пеналот. Ме потсети на тоа, секако оваа е поблага варијанта, но најважно е тоа што Македонија заврши прва. Македонија треба да биде горда и задоволна како одигра против Германија, а како Столе, така и сите останати треба да го заборават тој шут, – порача Циндриќ кој не штедеше комплименти и за Раул Гонзалес.
– Ги глеав на телевизија, ги следев сите нивни натпревари. Уште од почетокот на турнирот велев дека Македонија може да биде големо изненадување. Раул покажа дека е фантастичен тренер и навистина им честитам од срце на него, но и на сите останати момци, додад лидерот на Хрватите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст