| четврток, 6 декември 2018 |

Пике стави потпис на нов договор и откупна клаузула од 500 милиони евра

Легендата на каталонскиот тим, Жерард Пике потпиша нов договор со Барселона до 2022. година.

Но, она што е интересно е што неговата откупна клаузула ќе чини 500 милиони евра.

Пике е дете на каталонскиот тим од 1997. година, но во периодот од 2004. до 2008. година беше дел од „Црвените ѓаволи“.

Пике со Барселона освои шест титули во Примера, пет трофеи во рамки на Купот на Кралевите, по три титули во Лигата на шампионите и Клупското светско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top