| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот и најозогласен затвор во Европа има 4000 затвореници (видео)

Затворот „Флури Мерожис“ е најголемиот затвор во Европа. Се наоѓа во Франција, во истоимениот град јужно од предградието на Париз. Денеска 123 затвореници одбиле да се вратат во ќелиите, а ширум Франција затворските чувари протестирале поради тешките услови за работа предизвикани од насилните затвореници и пренатрупаните ќелии.

Според информациите од затворот, во него во моментот нема насилство и затворениците не се произнеле со никакви барања.

Обвинувањата од затворските чувари во Франција за тешките услови минатата недела се претворија во протести во затворите ширум земјата, а францускиот претседател Емануел Макрон наложи реформи во затворскиот систем.

НАЈГОЛЕМИОТ ЗАТВОР ВО ЕВРОПА

Според податоците од Википедија, во затворот се наоѓаат 3800 луѓе, додека медиумите пренесуваат дека таму во моментов има 4300 затвореници.

„Флури Мерожис“ е познат како водечки центар на исламската радикализација во европските затвори.

Изграден е во периодот меѓу 1964 и 1968 година, а комплексот од 180 хектари се состои од четири ентитети. Голем машки затвор, помал женски затвор, затвор за малолетници и полициска касарна.

Главниот затвор е формиран од централната зграда од која излегуваат пет блока, од кои секој се состои од три крила, со четири нивоа на ќелии. Секој блок има капацитет за 900 затвореници.

Затворот е еден од трите главни затвори на подрачјето на Париз, покрај затворот „Фреснес“ (вториот по големина во Франција) и затворот „Ла Санте“ (кој се наоѓа во центарот на Париз).

На врвот на објектот постои жица која спречува слетување на хеликоптери и други начини на бегство. Дното на зградата е затворено со ѓубрето кое го фрлаат затворениците.

Според многубројните затвореници, во најголемиот затвор во Европа затворени биле и се познати лица од подземјето. Меѓу нив биле и Амеди Кулибали (учествувал во нападот на маркет два дена по нападот на Шарли Ебдо и е еден од тројцата организатори на терористичките напади во јануари во 2015 година). Жакес Месрин (еден од најозлогласените криминалци во земјата), како и Салах Абдеслам (поврзан со планирањето на терористичките напади во Париз во ноември 2015 година и Брисел во 2016 година). Во него се наоѓаат затвореници од 80 држави.

Повеќето затвореници се во дваесеттите години, тие не се најопасни, но се најзагрозени, а повеќето потекнуваат од Сирија.

репортер.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top