Австралиската поп пејачка Кајли Миног за прв пат проговори за тешката разделба со поранешниот вереник Џошуа Сас. 49 годишната Кајли во разговор со магазинот “Сан” открила дека подготовувањето на новиот албум ѝ помогнало многу побрзо и полесно да го заборави прекинувањето на веридбата.
Нејзиниот најнов албум “Golden” содржи песни во кои се откриваат некои детали за причините за нивната разделба, воедно прекинувањето на веридбата. Поп ѕвездата изјавила дека се чувствувала многу повредена кога дознала дека 30 годишниот Џошуа бил поврзан со друга жена. Токму затоа Кајли одлучилила да се врати во студио на работа така што ќе си ја врати самодовербата.
-Крајот на 2016 година не ми беше добар. Кога започнав да работам на албумот во 2017 година, тоа беше одлично бегање од реалноста”, истакнала пејачката. “Бев многу повредена кога започнав да работам на новите песни, но имав можност да се вратам во студио каде можам да се изразам себе си и да си ја вратам самодовербата, пишував за различни аспекти на мојот живот, падовите и успоните.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


