| четврток, 6 декември 2018 |

Температурите одат во минус, пристигнуваат снежни денови – до кога ќе се смрзнуваме

Времето во Македонија денеска ќе биде студено и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од – 10 до четири, а дневната од -3 до осум степени.

Во Скопје слично време со умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до два, а дневната до осум степени.

Утре, времето ќе биде суво и потопло со умерен ветер од југозападен правец. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи, претежно од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top