| четврток, 6 декември 2018 |

Хасипи до Иванов: Веќе ништо не бараме, со сила ќе си го земеме

По одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот за Законот за јазиците, реагираше и новинарот на Коха, Урим Хасипи. Тој вели дека нема разбирање ако некому му пречи албанскиот јазик.

„Јас не сум виновен што мојот јазик е најубавиот и најпосебниот јазик на светот. Мене не ми го оспорува никој ниту името ниту јазикот. Тебе и твојот народ ве боли ова. Јас немам разбирање ако ти пречи мојот јазик. Уште повеќе во сржта те боли кога се знае дека Конгресот на азбуката се одржа во светиот град Битола. Јас не можам да поднесам некој да ми утврдува како да зборувам албански, каде, како и колку ќе зборувам. Од сега па натаму немаме потреба ништо да бараме, туку со сила ќе го земеме. Излезот е поделба на оваа држава која нѐ презира. Не постои подобро нешто отколку да се има еден народ, една ДРЖАВА, едно ЗНАМЕ, еден ЈАЗИК“, вели новинарот Урим Хасипи, во својот коментар за одлуката на претседателот Иванов да не го потпише законот за јазиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top