Инвестиционата банка „Goldman Sachs“ ја објави својата прва квартална загуба по шест години, во голема мера поради промени во американското даночно законодавство.
Финансиска институција и нејзините конкуренти, исто така, беа погодени од послабите трговски пазари, но „Goldman Sachs“ најтешко настрада заради својот оддел за инструменти со фиксен принос, стоки и валути. Таа истакна 50% пад на приходите, што е и најлошиот квартал од финансиската криза, па досега, соопштува „Ројтерс“.
Во четвртиот квартал од 2017-та година банката предвид трошоци во износ од 4,4 милијарди долари поради даночната реформа на американскиот претседател Доналд Трамп. Па таа загуби 2,14 милијарди долари, или 5,51 долари по акција во овој период. За споредба, минатата година во исто време „Goldman Sachs“ забележа профит од 2,15 милијарди долари, или 5,08 долари по акција.
Значителен пораст (44,1%) беше забележан кај инвестициските банкарски приходи – во износ од 2,14 милијарди долари. Приходите, вклучувајќи ги и каматните приходи предвидоа пад за 4,1% до 7,83 милијарди долари, но и покрај тоа тие се над очекувањата за 7,61 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст