Откако Обвинителството се откажа од кривичниот прогон на пратеникот Павле Богоевски, кој беше обвинет како учесник во шарената револуција, Здравко Савевски реагира дека сега и тој очекува да се повлече обвинението за членовите на Левица, инаку ќе стане збор за двојни аршини.
-Обвинителството нема да го гони Павле Богоевски. Правилен потег. Немаше основа за кривично гонење. Но, во контекст на тоа што кривичната постапка против нас, членовите на Левица, поради нашето учество во протестите во 2016 година, се’ уште трае – да се повлече обвинението против Павле Боговски, а да не се повлече против нас – ќе да тоа посочува на двојни аршини. За тој што е во власта еден аршин, а за тој што критикува друг аршин, напиша Савевски на фејсбук.
Тој појаснува дека на 25 јануари имаат закажано судско рочиште.
-На 25 јануари повторно ќе се појавам на суд. Судскиот процес трае без малку 2 години, а постапката е буквално на самиот почеток. Ќе дочекам пресуда за помалку од 10 години или во мојот случај на тој начин ме казнуваат за критиките кон претходната и кон сегашната власт – со влечкање по судови што е можно подолго?, коментира Савески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст