| четврток, 6 декември 2018 |

Левица и Солза Грчева на протести против НАТО пред Собранието (ФОТО)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рано утрово се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, со што ги почна средбите со државниот врв на земјата. Завши и неговата средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а додека трае средбата со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, пред Собранието има два анти-НАТО протести – едниот на Левица, другиот на Солза Грчева.

Фото Република

Стотината протестирачи на мирните протести ги обезбедува армија полицајци, која експресно се створи кога од силниот ветар се урна бандера на булеварот.

Левица смета дека е потребно решавање на суштинските проблеми на земјата, сиромаштијата и невработеноста, а не замајување на народот со лажни приоритети, како зачленувањето во НАТО.
НАТО е воен пакт, реликт од студената војна, а не безбедносен сојуз како што милуваат да го нарекуваат апологетите овој воен пакт во Р. Македонија.

Левица се спротистави на одржувањето на воената вежба на американските војници „Драгон Гардијан 2017“ во земјава и е против членство во НАТО и во јули годинава. Четворица демонстранти од Левица беа приведени па пуштени откако истакнале транспарент на кој пишувало „Против војна за профити“ за време на презентација на опремата на АРМ и на Армијата на САД во центарот на Скопје.

Солза Грчева ги повика сите поддржувачи на Глас за Македонија да ѝ се приклучат на протести кои се дел од поширока иницијатива.

„Јасно да кажеме дека имаме едно име: Република Македонија. Таму ќе има луѓе од различни идеолошки опции, но заедничко ни е што сакаме да си го одбраниме името и достоинството на македонскиот народ.
Затоа, ГЛАСно за Македонија!“, напиша Грчева на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top