| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Кавадарци: Застанал со возилото, а тие му дошле со нож на врата

Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот во Полициската станица Кавадарци, 24-годишниот В.Ѕ.Т. од Република Србија пријавил дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво врз него.

Тој застанал со своето возило на патот Кавадарци – Росоман и кога излегол од возилото му се доближиле лицата и со закана со нож и шрафцигер од торбата му одзеле 415 евра и 2.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top