| четврток, 6 декември 2018 |

Биткоинот пропаѓа: Се гаси „Битконект“- платформата за тргување со биткоини

Повеќето негативни вести ги турнаа надолу цените на главните криптовалути, а истото го предизвика и гасењето на „Bitconnect”.

„Битконект”, платформата за тргување со биткоини, кои многумина ја обвинуваа дека функционира по принцип на пирамидална шема, објави дека ќе престане со работа.

На „Битконект”, имено, можеше да се договори тие да го превземат инвестирањето на корисничките коини во замена за одреден поврат на вложен капитал. Но, тоа што предизвика негативен став кај јавноста кон оваа платформа е нивната работна политика „referral” која „мирисаше” на Понзи шема, па „Битконект” често во медиумите беше етикетиран како измама.

Токму негативниот публицитет е една од главните прични поради кои оваа услуга ќе згасне, пишува во нивното соопштение. Друга причина се судските предупредувања од Тексас и Северна Каролина, како и константните „DDoS” напади кои го дестабилизираа функционирањето на менувачницата. Платформата за тргување на коини на „Битконект” се гаси, а на корисниците ќе им бидат вратени средствата. Оваа платформа од сега ќе служи само како „wallet” за оние кои ќе продолжат да ја користат и да ги нудат своите „Битконект” коини на сите кои би сакале да ги купат. По оваа вест, цената на нивниот „BCC” потона преку 90%.

Во моментот на пишување на веста, биткоинот падна на 9,890 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top