Малиот Богдан (8), најмалиот син и мезимец на Оливер Ивановиќ, упорно прашува за татко му и насетува дека нешто не е во ред со неговиот најголем јунак во животот.Тој заедно со мајката Милена и браќата Никола, Жарко и Јанко вчера тргнал кон Белград, каде неговиот татко денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните.
-Мамо, дали тато повторно го одведоа, или е само болен – е дилемата со која се соочува малиот Богдан, не помислувајќи на најлошото.
-Богдан не ја знае целата приказна. Еве патува со нас за Белград на погребот на татко му, а се уште не знае се. Насетува дека нешто не е во ред, но морам да соберам сила да му кажам дека татко му веќе го нема- ракажала Милена Поповиќ Ивановиќ.
Таа признала дека се двоуми дали Богдан да го однесе на погребот.
-Се уште не сум решила. Ќе седнам и ќе разговарам со Богдан, бидејќи тој насетува дека нешто се случило- вели Милена
Чичкото на Богдан, Мирослав Ивановиќ се плаши од соочувањето на момчето со суровата вистина.
-Богдан насетува дека нешто лошо се случува. Па беше и во болница која ја дознавме страшната вест дека Оливер не се извлече од канџите на смртта. Насетува, но му рековме дека татко му е само болен. Бараме вистински момент да му ја кажеме страшната вистина. Многу е тешко и болно- рекол братот на убиениот Ивановиќ.
Никола Ивановиќ, најстариот син на Оливер, како и неовите браќа Жарко (33) и Јанко (23) веста за убистовото ги затекнала во Белград, каде живеат со години.
-Како може да се поднесе веста за убиство на родител? Тој никогаш не се жалеше, ниту пак зборуваше за евентуална загрозеност. Во шок сум – рекол син му Никола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.