| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот парламент ќе го ратификува Договорот со Македонија

Бугарскиот Парламент денеска треба да го ратификува Договорот за добрососедство и соработка со Македонија, откако доби едногласна поддршка од сите параламентарни партии на вчерашните седници на комисиите за надворешна политика и за европски прашања.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право. Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

На 15. јануари македонскиот Парламент со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top