Министерството за образование и наука ги охрабрува сите ученици и студенти да пријават обиди или случаи на сексуално вознемирување во Државниот просветен инспекторат, но и наставниците, кои исто така треба да пријават случаи на сексуално вознемирување доколку ги забележат, и да ги заштитат своите ученици и студенти.
Во објавата на Фејсбук профилот на Министерството, се изразува поддршка на акцијата #СегаКажувам, која како што се вели ги охрабрува сите жртви на сексуално вознемирување да ги изразат своите трауматични искуства и да ја кренат свесноста за ова значајно прашање и е во значајна за елиминирање на табуата во образованието и за подобро сексуално зравје.
-Сексуалното насилство и вознемирување во образовните институции е прашање што ги засега подеднакво сите: учениците, студентите, наставниците, родителите и семејствата, образовната заедница и општеството.
Наставникот/професорот треба да претставува пример во однесувањето за своите ученици и студенти и затоа најстрого ќе ги казниме ваквите сериозни престапи за несовесно и неетичко работење, велат од МОН во врска со кампањата #СегаКажувам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст