| четврток, 6 декември 2018 |

Фитиљ го запре последниот удар на Германците (ФОТО)

Македонија оствари големо реми 25-25 против Европскиот шампион Германија, а голема улога во него имаа младите ракометари кои во иднина ќе ја имаат водечката улога во репрезентацијата. Еден од нив исто како и на минатиот натпревар против Црна Гора беше и Филип Кузмановски, кој одигра уште еден добар натпревар.


Популарниот “Фитиљ” смета дека со тактиката 7 на 6 одлично им париравме на германците, и на крајот се испадна добро за нашата репрезентација.
– Не очекувавме дека ова ќе се случи, искрено, но требаше да веруваме во себе. Имавме многу промашени зицери во првото полувреме, но мислам дека ги изненадивме со одбраната 5-1, и нападот 7 на 6. Мислам дека одлично испадна бидејки немавме многу време да се подготвуваме за таа тактика, но на крај испадна како треба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top