Словенечката ракометна репрезентација е последниот патник во втората фаза на ракометното Европско првенство (ЕП,) кое се игра во Хрватска, откако во доминантен дуел во загрепска „Арена“ славеше над Црна Гора (19-28).
Црногорците беа во егал 38 минути, кога на семафорот стоеше 16-18, но потоа искуството исплива на површина и ја испрати Словенија во наредната фаза. Маргуч, Мачковшек и Бежјак направија серија од 0-3, донесоа предност од 16-21, а потоа, Словенците продолжија да ја полнат мрежата на Црна Гора која брзаше во нападите, за конечна победа од девет гола.
Најдобар во победата беше Гаспер Маргуч со шест гола од шест обида, а го следеше Бежјак со пет гола, додека кај Црна Гора, Шеваљевиќ заврши со шест гола.
Словенија во наредната фаза на Европското првенство патува во само еден бод, поради ремито со Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст