„Министерот за одбрана“, Борко Ристовски, по натпреварот и откри што е успехот на Македонија на Европското првенство (ЕП) и како „црвено-жолтите“ успеваат да играат толку моќно во вторите полувремиња, на трите средби.
Покрај со Германија, Македонија успеа да игра магично во вториот дел и со Словенија и Црна Гора и ги совлада и двете селекции. Борко истакна дека разликата ја прави селекторот, а индиректкно го „пецна“ и Лино Червар, кого го нарече – шарлатан.
„Оваа генерација е иста, претходно имавме селектор шарлатан, сега имаме човек кој си ја знае работата. Знаеме кога играме, со кого играме и како треба играме. И покрај овие резултати, не треба да се залетуваме од изјавата на типот одиме на медал, туку цврсто треба да останеме на земја. Да уживаме во успехот, не знам кога Македонија била прва во групата и кога минала во втората фаза со овој број на бодови. Го дадовме најдоброто од себе, не треба да се бара кој играл лошо, туку да се биде позитивен по овие три средби“, дециден е Ристовски.
Македонија патува во наредната фаза како лидер за првпат во големите натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


