| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков: Одиме во Вараждин да продолжиме да ја радуваме Македонија

Вториот стрелец за Македонија, Дејан Манасков кој постигна пет гола колку и Кире Лазаров изјави дека е пресреќен од освоениот бод со Германија во денешното дерби (25-25) за прво место во групата Ц на ЕП во Хрватска.

Манасков по мечот посочи дека и пред дуелот со Германците најавиле дека со две раце потпишуват за бод, а за ремито се изборија во крајно драматичен меч во кој можеа и да победат.

-Луѓе, супер е – прво место сме во групата. Пресреќни сме. Рековме и пред мечот, Кире го кажа тоа, ако некој ни даде бод со две раце ќе потпишеме. Презадоволни сме со овој бод. Сега со три бода одиме во следната фаза, па што биде – нека биде таму! Борко беше одличен денеска, одбраната… Сите бевме одлични. Мислам дека ова е заслужено. Одиме понатаму, во Вараждин да ги радуваме нашите навивачи“, изјави Манасков.

Крилото посочи дека во минатото имал пехови против Германија, но за среќа денеска далеку подобро одигра, а мечот го заврши со пет гола од седум обиди.

-Имав два пеха, кои ми се случија во минатото против Гермнаија, па за среќа денеска беше подобро и мислам дека ова е еден одличен резултат. Се боревме машки и до крај 60 минути издржавме против една гранитна одбрана како што имаат германците и со добар Волф на голот во првиот дел“, додаде Манасков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top