Македонија одигра реми 25-25 со Германија, која има вредност, речиси, на победа, ако се земе предвид дека го освоивме првото место во групата Ц. Всушност, и можеше да биде победа, ако Столе Стоилов погодеше зицер на 12 секунди до крајот, но капитенот Кире Лазаров прв му изрази поддршка.
Кире вели дека ова може секому да му се случи, а Столе сигурно ќе надомести во Вараждин.
-Рековме дека ќе бидеме позитивни и остануваме такви, со поддршка за Столе. На секој може да му се случи тоа. Тој е нашиот најголем борец, има срце како планина и ќе биде нашиот најдобар играч во Вараждин, изјави Лазаров по мечот.
Тој постигна пет гола, но имаше огромна помош од Талески, Манасков, Пешевски, Поповски и, како што вели, повтнорно добивме нови играчи.
-Не ми е толку за бодов вечерва, колку што сум задоволен од оваа голема партија против една голема Германија, која допрва ќе прави бељи во Вараждин, па и понатаму. Одигравме мудро и машки. Бевме многу присебни во последните 5-6 напади, кога постојано бевме во негатива и верувајте дека тоа воопшто не е лесно, ви се враќаат мисли на назад, на сите инфаркт мечеви што сме ги одиграле, меѓутоа одигравме велемајсторски. Треба така и да продолжиме, зашто веруваме еден во друг. Вечерва го добивме Мартин Поповски, го добивме Пешевски, Борко помогна повеќе отколку што се очекуваше, треба да се надополнуваме и да растеме. Полека се селиме во Вараждин и скромно, цврсто на земја, чекор по чекор се надеваме на уште подобри партии“, рече Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


