Очекувано претседателот Иванов стави вето на неуставниот Закон за употреба на јазиците, пишува професорката по Уставно право Тања Каракамишева Јовановска на Фејсбук. Таа вели дека друго и не можело да се очекува во услови на безобразна дрскост што ја демонстрира власта при неговото насилничко донесување – без јавна расправа, без слушање на експертската јавност, без фермање на Деловникот на Собранието, на постапката утврдена во него, итн.
„Нормална реакција на Иванов беше да го ветира законот. Но, невидената арогантност на оваа Влада е што реагира недоветно на прва пред воопшто да прочита што има напишано во образложението на ветото на Иванов. Во каубојски стил познат за оваа Влада стигна брза реакција од таму дека законот ќе го дале во Венецијанска комисија на мислење!? Владата се фати во сопствената лага! Па нели до вчера тврдеа дека одредени членови веќе доставиле на мислење во Венецијанска? Иако се фатени во уште една голема лага продолжуваат да мамат и да лажат. Ќе им каже ли некој на неписмениве составувачи на соопштенија во Владата дека Венецијанска комисија НЕ Е УСТАВЕН СУД и никогаш нема да си дозволи да коментира дали одредени законски решенија се или не се во согласност со Уставот на која било држава? А законот е спротивен на Уставот на РМ. Затоа е вратен од Иванов. Ќе им пренесе ли некој на ебиветриве дека Венецијанска комисија никогаш нема да си дозволи да се стави во улога на Уставен суд на РМ заради евтините политички финти на нашиве владини шибицари!
Научете барем нешто, барем абецеда од правото на Советот на Европа, НЕ НЕ РЕЗИЛЕТЕ ПО СВЕТОВ, АМАН ВЛАДА СТЕ НА ДРЖАВА!“, пишува Каракамишева Јовановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


