| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов: Ова реми не ми е слатко

Стојанче Стоилов ја имаше шансата да биде јунак, но не го резлизира зицерот кој го имаше во последниот наш напад од дуелот со Германците, при резултат (25:25).

-За малку, нели, кога ќе утнеш еден таков зицер, тогаш ова нерешено не ти е толку  слатко. Имав шанса да го решам натпреварот, избрзав, шутнав лошо.
Имав среќа, соиграчите ме покрија. Тој бод сега не е толку сладок каков што можеше да биде. Да имавме четири бода. Но, тоа е тоа… Денеска не погодив, утре можеби ќе дадам. Тоа е ракомет, тоа е спорт. Ќе бев навистина трагичар, но ете, соиграчите колку-толку ме покрија, изјави Стоилов по натпреварот во кој Македонија ја измачи Германија.

С

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top