| четврток, 6 декември 2018 |

Гонзалес: Како да не бидам задоволен, ова е супер

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез e презадоволен од крајниот епилог на првата фаза. нерешениот резултат против европскиот шампион Германија (25.25), ја остави Македонија на првата позиција во групата „Ц“’.

И согласно со распоредот и правилата, со три бода и четири дена одмор же одиме кон Вараждин каде се игра следната фаза од шампионатото во Хрватска.

„Јас сум многу задоволен играчите дадоа се од себе, одигравме добар натпревар, особено кога има притисок каков што го имавме денеска… Се е супер, се е и треба да биде мирно. Утре ќе имаме одмор, ќе биде уште подобро…
Како да не сум задоволен, многу сум задоволен. Имаме три бода во втората фаза, тоа е одлично.
Одиме малку по малку, навистина не ги знам другите резултати. Но оставете го тоа сега, треба да уживаме, иако играчите се уморни”- коментираше селекторот Раул Гонзалез во микс-зоната на Арената во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top