| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка ѝ заврши голема работа на Македонија

Со победата Чешка го завери палсманот во следната фаза во која ќе има два бода по сензационалната победа над Данска во минатото коло, па вечерва ќе биде познато Шпанија и Данска со колку бодови ќе влезат во оваа група по дербито во групата Д на Европското првенство. Засега Шпанците имаат сигурни два, а Данците по расплетот во групата се без бод. Македонија со три бода оди во втората група, а Германија ќе има два. Последниот патник ќе се решава помеѓу Словенија и Црна Гора.

Иако Унгарија тргна добро и поведе со два гола разлика, Шесите брзо се вратија и до средина на полувремето мечот беше во егал, а потоа со серија од 7-3 исчекорија до голема залиха од четири гола на полувреме (15-11). На самиот старт од мечот ги имаа и највисоките плус шест (17-11), а Унгарија успеа да се врати во мечот на два негатива (19-17), но тоа беше се што направи на мечот. Брзо потоа Чесите стигнаа до разликата од полувремето и ја одржуваа за на крај да извојуваат голема победа.

Ондреј Здрохала имаше неверојатен ден со 14 погодоци од 21 удар и тој практично сам ги победи Унгарците. Мате Лекај со седум и Жолт Балог со пет гола беа најефикасни кај Унгарците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top