| четврток, 6 декември 2018 |

Ким со трета среќа: Уште едно девојче во кланот Кардашијан (ФОТО)

„Многу сме и благодарни на нашата сурогат мајка што ни ги оствари соништата и ни го донесе најубавиот подарок кој можеме да го замислиме“ рекол славниот пар…


Ким Кардашијан (37) и Канје Вест (40) добиле девојче кое им го родила сурогат мајка. Бебето се родило 47. минути после полноќ, по локално време, и тежело 3,3 килограми.
„Се заблагодаруваме на прекрасните доктори и медицинските сестри бидејќи се грижеа за сурогат мајката. Норт и Сеинт се возбудени поради доаѓањето на сестричката“ рекол славниот пар кој не открил како ќе ја крсти приновата.


Риалити ѕвездата и музичарот користеле сурогат мајка бидејќи Ким за време на двете бремености имала потешкотии, а лекарите и рекле дека третата бременост би и била премногу ризична.
Сурогат мјката која на свет го донела третото дете на Ким и Канје, има 27 години, два сина и пет години е во брак. Завршила факултет, а на двојката им се допаднала бидејќи била во одлична физичка форма.


За време на бременоста, Канје и Ким и забраниле да ја бои косата, пие алкохол, јаде сирова риба, користи сауни и да пуши. За нејзина сигурност за време на бременоста биле задолжени двајца телохранители, кои и помагале од третиот месец на бременост. Целиот процес и „услугата“, Канје и Ким го платиле 114. илјади долари.
Ким и Канје често ја посетувале сурогат мајката и проверувале дали е дисциплинирана. Членката на кланот Кардашијан и раперот ги имаат синот Сент (2) и ќерката Норт (4). Ким во своето реално шоу често истакнувала дека отсекогаш сакала големо семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top