| четврток, 6 декември 2018 |

Когнитивниот тест кој го положи Трамп

Пред психичкото испитување на американскиот претседател Доналд Трамп во петокот, доктор Рони Џексон одлучи дека тој нема да изведе когнитивно тестирање. Џексон рече дека не чувствува дека тестот е неопходен, но Трамп инсистираше да биде тестиран.

На Трамп му биле поставени неколку прашања за неговата ментална подготвеност да биде претседател. Минатата недела, група на професионалци од психолошката област испрати јавно писмо до докторот на претседателот, со барање тој да ги тестира когнитивните способности на Трамп.

На прес конференција во Белата куќа, Џексон изјави дека одлучил да спроведе таканаречен Монтреал когнитивен тест, познат како МоКА, Тоа е добро познат тест кој докторите го користат за брзо да откријат „благи когнитивни дисфункции“.  Тестот ја исклучува потребата од други когнитивни испитувања – рече Џексон.

За тестот со 30 поени се потребни 10 минути и од пациентот се бара да покаже меморија и ментални способности. Задачите вклучуваат цртање линија помеѓу бројќи и букви, како и цртање на часовник или коцка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top