| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометар на твитер открива дали Словенија ќе остане на ЕП

Европската ракоемтна федерација (ЕХФ) ја одби и втората жалба на Словенечкиот ракометен сојуз поради „кршење на правилата“ во дуелот меѓу словенечката и германска репрезентација (25-25) на ЕП во Хрватска.

Додека се уште се чека официјалната потврда од Словенија, ракометарот Миха Жвижеј објави на твитер дека Словенија нема да се повлече од ЕП.

– Драго ми е што Словенија останува на ЕП. Ми падна камен од срцето. Ова постојано се случува, но се плашам дека нема вистинско решение – напиша словенечкиот репрезентативец кој настапот на ЕП го откажа поради приватни причини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top