| четврток, 6 декември 2018 |

Робин О’Нил: Македонија треба да одбие да го смени своето име! Секоја држава има право, според меѓународното право, да избере свое име!

Ако владата на Македонија е подготвена да им препорача промена на името, на луѓето во Македонија, потребниот минимум е гаранција дека Грција ќе ги укине сите приговори за Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, без никакви прашања во врска со подобноста на Македонија врз основа на човековите права, уставот, или било кој друг изговор. Верувам дека Грција ќе продолжи да поставува услови, или, на друг начин ќе опструира или ќе го попречува влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ. Според статутот, и на ЕУ и на НАТО, Грција ќе употреби вето за влезот на Македонија во овие организации – тоа е е она што ја спречуваше Македонија да им се приклучи во изминативе 25 години., вели О’Нил.

„Се плашам од Данајците (Грците) и кога подароци даруваат!“ – ова го изјави за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ поранeшениот медијатор во грчко-македонскиот спор, амбасадорот Робин О’Нил.

-Господинот Нимиц, без разлика дали свесно или не, Грција го користи за да го испорача она што го сака. Исто како што Грција се обидуваше да ме искористи мене да постапам како нивен агент пред 25 години. Но, мојата улога ја видов како посредник, а не како агент на Грција. Во соработката со господинот Нимиц, дали Владата на Македонија навистина сака да го смени името на Републиката? – истакнува бившиот медијатор во грчко-македонскиот спор, амбасадорот Робин О’Нил со коментар: Сите нови имиња за Република Македонија што се во оптек, се оние што ми ги испорачаа Грците во минатото, освен што тогаш Грција не сакаше да се осврне на зборот Македонија. Народот на Македонија на референдум треба да одлучи дали преферира ново име наместо името Република Македонија, кое сега е прифатено од повеќето земји во светот – експлицитен е О’Нил.

Според него, „единствено од имињата што се во оптек, како во медиумските, така и во дипломатските кулоари, за кои лично сметам ’прифатливо’, ќе повторам ако народот на Македонија сака промена е ’Нова Македонија’, но не гледам причина да се направи промена. Грција сака нешто поважно од Македонија, а тоа е се’! Што добива Македонија за возврат?“, прашува О’Нил и додава:

-Ако владата на Македонија е подготвена да им препорача промена на името, на луѓето во Македонија, потребниот минимум е гаранција дека Грција ќе ги укине сите приговори за Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, без никакви прашања во врска со подобноста на Македонија врз основа на човековите права, уставот, или било кој друг изговор. Верувам дека Грција ќе продолжи да поставува услови, или, на друг начин ќе опструира или ќе го попречува влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ. Според статутот, и на ЕУ и на НАТО,  Грција ќе употреби вето за влезот на Македонија во овие организации – тоа е е она што ја спречуваше Македонија да им се приклучи во изминативе 25 години. Другите земји-членки не успеаа да ја натераат Грција да се согласи за членството на Македонија, токму од тие причини, и јас не гледам како тоа би го направиле сега. Не и’ верувам на Грција, дека и натаму нема да поставува повеќе услови за одложување или спречување на приклучување на Македонија во овие организации. Ќе повторам и ќе се потсетиме на класичното предупредување: „Timeo Danaos et dona ferentes“. Што би значело во превод: „Се плашам од Данајците (Грците) и кога подароци даруваат!“ – категоричен е О’Нил.

Британскиот дипломат со став: „Ова прашање е прашање за владата и народот на Македонија да одлучат, а странските земји, вклучувајќи ги и пријателите на Македонија, немаат удел во тоа“, истакнува О’Нил.

-Мојот сопствен совет, врз основа на моето знаење за проблемот останува, дека Македонија треба да одбие да го смени своето име! Секоја држава има право, според меѓународното право, да избере свое име и треба да оди во Обединетите нации за да ја прифати таму како Република Македонија наместо привременото обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија!“. Ја разбирам вашата загриженост за зачувување на идентитетот на Македонија, но тоа сега е предвидено во имињата што ги предложи господин Нимиц (или, поточно, Грција) за дискусија во следните неколку дена, рече за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ медијаторот во грчко-македонскиот спор, амбасадорот Робин О’Нил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top