Во сите институции во земјава освен македонскиот јазик е и албанскиот, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети, во синоќешната емисија “200“ на Алсат-М телевизија.
На констатација на водителот дека многу критичари со ова не се согласуваат и велат дека албанскиот јазик нема да се употребува на цела територија на Македонија во ова ниво, и дека во овој контекст многу македонски критичари веќе најавиле дека ќе покренат иницијативи во Уставниот суд. Ахмети беше зашрашан како го предвидува развојот на ова прашање?
-Сега мене жал ми е, но албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој албанец во Струмица? Нема , но може да помине. Е сега ако тој поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик. Ако поминува во Делчево и направи некој проблем…исто може да зборува на својот мајчин јазик, истакна претседателот на ДУИ, во своето гостување на телевизија Алсат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст