Веселин Вујовиќ, селекторот на словенечката ракометна репезентација и литванските судии кои ја делеа правдата на мечот Словенија – Германија би можеле да бидат исфрлени од Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Хрватска, шпекулираат медиумите во Германија.
Причината за тоа е многу добро позната, контраверзното реми и погодокот на Германците од пенал кој го дадоа за да дојдат до истото, откако околу 10 минути судиската двојка Миндаугас Гателис и Ваидас Мажеика ги прегледуваше снимките по што беше утврдено дека неприпосно играл Блаж Благотиншек за што доби црвен картон.
Оваа ситуација донесе огромни тензии, драма на теренот, Словенците не можеа да поверуваат што им се случува, а Вујовиќ во свој стил имаше шоу.
Германските медиуми неофицијално пренесуваат оти ЕХФ има спремено казни за литванските арбитри како и за Веселин Вујовиќ.
Наводно судиите ќе бидат суспенцирани до крајот на ЕП, а Вујовиќ ќе биде исфрен од шампионатот поради неговите зборови по натпреварот и обидот тој да застане на голот на Словенија и да го брани досеудениот пенал за Германија.
-Сакав да направам зафрканција, некое шоу. Тие веќе и направија циркуз од ракометот, па зошто и јас не би се приклучил. Овој спорт го направија смешен зошто го водат дебили – порача Вујо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст