| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци кои укажуваат дека сте во лоша работна екипа

Голем дел од она што сме како личности е обликувано од луѓето со кои сакаме да опкружуваме. Кога станува збор за работата, сепак, работите се прашање и на среќа – понекогаш се вклопуваме со колеги, понекогаш – не.

Исто така може да се најдете во токсична средина која го спречува развојот и ви го загорчува животот. Ако е така, треба сериозно да размислите за промена на работното место.

Еве неколку знаци дека сте во лоша работна екипа.

1. Луѓето во тимот мислат на вас само кога им е потребна помош, или кога сте им од корист, но никогаш не реагираат кога вие им барате нешто.

2. Ги користат вашите грешки од минатото како оружје против вас и не пропуштаат шанса да те потсетат.

3. Го игнорираат твоето мислење, им се потсемваат на твоите идеи и амбиции.

4. Сигурни сте дека ве излажале повеќе од еднаш.

5. Екстремно негативни луѓе, груби се, озборуваат и се потсмеваат на други луѓе во канцеларијата.

6. Тие се љубоморни на вашиот успех и се обидуваат да го омаловажуваат.

7. Тие постојано сакаат да те променат, постојано имаат забелешки и се однесуваат премногу надредено.

8. На отворен или лажен начин, тие ве тераат да направите работи за кои не се согласувате, ве користат за да ја направите нивната валкана работа.

Запомнете – за да бидете среќни не само во вашиот професионален, туку и во вашиот личен живот, треба да се опкружувате со позитивни личности кои ве збогатуваат со убави мисли и ве поддржуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top