Поранешниот албански прв разузнувач Фатос Кљоси, коментирајќи го убиството на српскиот лидер во Косово, Оливер Ивановиќ, изјави дека атентатот е извршен со цел да се создадат тензии на Балканот и оти истрагата треба да се води во две насоки.
– Оние кои го извршиле атентатот тоа го сториле со цел да предизвикаат последици. Тоа е сериозен настан и српската делегација се повлече од дијалогот, што е прва цел. Мотивот е да се влоши ситуацијата. Можно е да е внатрешен српски фактор, таму има елементи и сили кои сакаат да ја влошат ситуацијата, но и странски фактори кои не сакаат стабилност на Валканот. Странците велат дека има руска закана на Балканот – посочува Кљоси.
Тој одговори и на прашањето за можноста од вмешаност на тајните служби во убиството.
– Зошто да се вмешуваат службите во овие работи, има и многу други сили. Постојат паравоени групи кои не го признаваат законот. Службите постојат, но тие поминале во информативни и не прават такви работи. Убиството е сериозен настан и ќе влеземе во нови превирања. Верувам дека Ивановиќ не го убија Албанците – изјави Кљоси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст