| четврток, 6 декември 2018 |

Незаинтересираните мажи се попривлечни за жените

Мажот ќе ја привлекува жената ако таа не е сигурна во тоа какво мислење има тој за неа и што чувствува. Ова го потврди истражување на научници од Универзитетите Вирџинија и Харвард, кое опфатило 47 студентки.

За да добијат поискрени и попрецизни одговори студентките не го знаеле вистинскиот мотив на експериментот, туку мислеле дека се повикани за да учествуваат во истражување околу тоа дали Facebook може да служи како страница за запознавање на партнери.

Жените кои верувале дека многу им се допаѓаат на мажите повеќе ги привлекувале тие мажи од жените кои верувале дека мажите ги сметаат за просечно атрактивни.

Но, оние кои најмногу ги привлекуваат мажите биле токму девојките од третата група – оние кои не биле сигурно колку всушност им се допаѓаат мажите.

Научниците на овој начин ја потврдија вистинитоста во оние тврдења дека дискретното криење на чувствата и интересот за некоја личност, буди повеќе интерес кај другата страна, отколку ако тоа се направи директно со јавно искажување на чувствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top