| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Твитер ги шпионира корисниците ширум светот (видео)

Новинарската истражувачка група Project Veritas, објави снимка на YouTube каналот во кој вработените во компанијата Twitter откриваат детали за својата работа.

Како што наведуваат, тие се дури и платени да пристапат и да анализираат приватни содржини кои корисниците си ги разменуваат меѓусебно.

Тоа подразбира дури и читање и гледање на стотици приватни фотографии и пораки.

„Постојат цели тимови кои се посветени на тоа. Зборуваме за бројка од најмалку 300, 400 луѓе кои се платени да гледаат фотографии“, изјави Клеј Хајнес, безбедносен инженер во Twitter.

Хајнес истакна дека тој лично анализирал твитови и пораки кои претходно други корисници ги пријавиле како штетни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top