| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанецот Роберт Николоски преку ноќ стана бездомник: Надлежните молчат, градот не знае за несреќата…(видео)

Четириесет и пет годишниот охриѓанец Роберт Николоски, преку ноќ стана бездомник – во пожар изгоре скромниот дом кој неговите родители, цигла по цигла почнале да го градат уште од почетокот на 70-тите години, објави телевизија „Алфа“.
Се до смртта, успеале да уредат 4 соби од долниот кат во кој што живееле со својот син единец. Роберт нема ни сестра, ни брат, а од кога еден по еден му починале родителите, тој со својата плата едвај врзувал крај со крај.
– Ми починаа родителите сепак родител е треба да го погребаш, имам на плата кредити, извршители, живеам со најминимални сретства. Се молам на Бога, се прекрстувам Господе семоќен помогни ми – вели Роберт Николоски.
Но, несреќата не оди сама, низ плач, со солзи во очите премрзнат Роберт моли за помош. Тој овие студени деноноќија откако остана без покрив над глава е по улици, да мине времето. Јаде од нога, благодарен ако некој го прибере да преспие, да не ја минува ноќта под ведро небо. Роберт се сомнева дека некој го подметнал пожарот во куќата бидејќи вратата од опожарениот дом ја нашол отворена. Тој се здобил и со опекотини по лицето.
– Зедов наполнав вода реков да пробам да спасам, тоа ми е се, фрлив вода на оганот ми пламна в лице. И кога веќе видов дека не можам ништо да направам изгледов надвор викнав пожарна и само успеав осигурачиве главни да ги извадам за да не се случи поголема катастрофа – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top