Колумната за Законот за јазици на Беса Арифи предизвика бранувања и коментари на социјалните мрежи. Академик Катица Ќулавкова, споделувајќи статус од Фејсбук профилот на Роберт Милевски, во коментар и се обраќа на Беса:
-Нека прочита овде младата професорка Беса Арифи дека кантонизацијата и федерализацијата на РМ се помалото зло од либанизацијата на РМ и од етничко чистење на Македонија од македонскиот домороден народ, процеси кои се одвиваат систематски во пострамковна РМ, онаа држава чијшто Устав и од Бадентер и од европски експерти по устав беше оценет како хармоничен со европските стандарди. Кога сега би го оценувале само како експерти, не верувам дека тоа би го кажале. Ама она и таквите како неа се држат за политичките стереотипи како слеп за стап (од федерализацијата направија баук, а ваму со противуставни дејанија и закони рушат и унитарност, и коегзистенција… И знае ли она воопшто што е lingua franca? И знае ли кога една држава е силна во сета нејзина разноликост? Е, тој митски наратив е содржан до библискиот мит за Вавилонската кула и за заедничкиот јазик. Рушењето на Вавилонската кула и создавањето инфлација на јазици во рамки на државните институции е основа на неразбирањето, недоразбирањето, отуѓувањето, омразата, делбите, артифициелните мултиетнички демократии (пропаднат проект на светско ниво, експеримент), балканизација (сегментација), сè со цел divide et impera. Ете во круг Македонија ќе се врати повторно на најстариот стереотип кој е моќен идеолошки и стратешки чинител на владеење и на регионално и на локално рамниште, а со тоа се докажал и како ефикасен генератор на колективни и лични трауми и трагедии, пишува академик Ќулавкова.
Ова е статусот на Роберт Милевски на кој се однесува коментарот на Ќулавкова.
–
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст