| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот командант на УЧК, Хамди Ндрецај со порака до Заев

Поранешниот командант на УЧК, Хамди Ндрецај познат како Пантер му упати порака на премиерот Зоран Заев. Во врска со веста на неделникот „Фокус„, со наслов „Заев се моли„ поранешниот командант на УЧК на Фејсбук напиша:

– Заев нема за што да го моли Господ и да се исповедува пред попот. За време на Србо-Хрватско словенското царство не постоеше името Македонија, ниту пак македонската нација. Така да нека го смени името од Република Македонија во Република Вардарска Илирида. И така овој случај ќе биде решен, исто како што случаите со Босна и Херцеговина и поранешната Република Србија и Црна Гора.

(ИНА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top