
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вечра изјави дека од договорот за добрососедство и Македонија и Бугарија не се среќни, но тој морало да се донесе.
-Ниту ние, ниту Бугарија не сме среќни со овој текст. Меѓутоа факт е дека со договорот и двете државме растевме, дававме сигнал дека и во нашиот регион може да се однесуваме европски. – рече Димитров.
Но, очигледно е дека оваа негова изјава не кореспондира со реалноста, па во стилот на неговиот лидер Зоран Заев се обидува да го релативизира штетниот договор, иако во текот на целиот процес, националистите во Бугарија го храбреа и него и Заев на поголеми отстапки и не им веруваше до каде се подготвени да одат со „виткањето на кичмата“. Со договорот Македонија се откажа од македонската историја, македонскиот јазик и македонското малцинство во Бугарија, а одлуката со радост ја дочекаа бугарските негатори на Македонија, гледајќи го договорот како чекор кон создавање на Сан Стефанска Бугарија
Европратеникот на Бугарија, Ангел Џамбаски, познат на македонската јавност по провокациите и негирањето на Македонија го поздрави договорот. Тој вчера при посетата на Скопје за време на панихидата за Мара Бунева даде изјава дека овој договор дава можност да нема граници од Охрид до Црното Море.
Бугарскиот историчар Божидар Димитров познат како застапник тезата за бугарското потекло на Македонците, изјави дека е пресреќен и се уште не може да поверува во попустливоста на Заев за лесното откажување од македонските национални интереси.
-Мислев дека нема да го доживеам тој ден кога ќе дојде еден македонски политичар од Скопје и тоа беше господинот Зоран Заев кој кажа дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто. И сега ќе се потпише договор, рече Димитров.
Тој тогаш потенцираше дека исполнувањето на договорот означува крај на македонизмот и навистина претворање на Македонија во втора бугарска држава, не така наеднаш туку постепено и дека во учебниците ќе се учи бугарска историја.
-Ако бидат напишани како што треба тие ќе учат бугарска историја. Ќе учат како до 44-та година, 1300 години како ги споделувале сите премрежија и победи на бугарскиот народ, порази и победи и како 1944-та биле принудени од една тоталитарна држава како комунистичка Југославија да станат, друг народ различен од бугарскиот.
Договорот го поздрави и министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов кој важи за најголем негатор на македонскиот народ. Тој неодамна среде Скопје македонските револуционери Делчев и Груев ги направи Бугари и потенцираше дека македонската страна се обврзала на тоа.
Според договорот Македонија се обврза да ја менува историјата во учебниците преку формирање на посебна комисија која ќе одлучува која историска личност на чија земја и припаѓа и како ќе се толкуваат историските настани. Со договорот Македонија гарантира дека се откажува од заштитата и поддршка на Македонците во Бугарија. Исто така македонскиот јазик е дефиниран како уставна категорија што оди во прилог на бугарската страна која смета дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.
Договорот не ја обврзува Република Бугарија да не ја блокира Македонија во евроинтеграциите а во прилог на тоа оди и изјавата на Каракачанов кој рече дека овој договор ќе биде заверен во Обединетите нации, тој е договор меѓу две држави и кога една од двете држави нарушува некој меѓународен договор, има меѓународни последици.
Со оваа изјава тој јасно даде до знаење дека Македонија доколку не се согласи да ги менува историските факти како што ќе побара Бугарија ќе следи блокада на патот кон ЕУ и НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


