Со четири куршуми од огнено оружје утрово, околу 8:15 часот било пукано врз лидерот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“.
Веста ја потврдила и Ксенија Божовиќ од СДП, која рекла дека нападот се случил пред неговата канцеларија во северниот дел на Косовска Митровица.
-Пукале пред канцеларијата, а тој бил сам. Го пронашла сосетката која тргнала да купи леб. Веднаш повикала Брза Помош – рекла Божовиќ.
Медиумите на албански јазик пренесуваат дека непознатиот напаѓач испукал четири куршуми во лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, кој нешто подоцна им подлегнал на повредите.
Како што неофицијално се дознава, Ивановиќ изгубил многу крв и докторите не можеле ништо да сторат.
Полицијата спроведува детална истрага, а за сторителот на ова свирепо убиство сѐ уште се трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст