Стотици луѓе, од кои повеќето Американци по потекло од Хаити, се собраа синоќа на „Тајмс сквер“ во Њујорк, за да ги осудат „расизмот и изјавите“ на претседателот Доналд Трамп, кој, како што тврдат, „ги понижил африканските земји и Хаити“.
На протестот се приклучија и неколку политичари, неѓу кои и њујоршкиот градоначалник демократ Бил де Блазио.
Демонстрантите носеа хаитски знамиња и транспаренти со кои повикуваа на мир, љубов и „изгредба на мостови, а не на ѕидови“.
Трамп е обвинет дека користел вулгарен израз за африканските земји и оти прашал зошто во САД да биде дозволено да влегуваат уште мигранти од Хаити, а не од Норвешка.
Претседателот на САД, меѓутоа, тврди дека не кажал нешто такво, дека не е расист и дека има прекрасни односи со жителите на Хаити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст