Нова рунда преговори, втори од нивното обновување, ќе се одржи утре во Њујорк меѓу преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.
Посредникот во преговорите за името ќе се состане со преговарачите во напорите да се пронајде решение за речиси тридеценискиот спор за името меѓу двете земји, кој е кочница за европската и евроатлантската интеграција на Македонија.
Нимиц вчера во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ истакна дека нема да излезе со нов предлог за името, туку со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.
– За ова прашање дискутираме повеќе од 20 години и повеќето од идеите веќе биле ставени на маса. Но, секогаш постои нов и друг начин за работите да бидат разгледани, од малку поинаква димензија. Затоа, мислам дека луѓето ќе го гледаат прашањето од малку поинакво светло. Секако, нема ништо што е сосема ново и мислам дека ова веќе сум го кажал. Не постои волшебно решение за ова прашање – рече медијаторот во интервјуто, кое го пренесе МИА.
Во интервјуто Нимиц порача дека новата Влада во Скопје е многу заинтересирана да го реши прашањето за името и додае дека и грчката Влада препознава дека ова е добар приод и добар чекор за грчката надворешна политика во регионот, да најде решение, за долгогодишното прашање.
– Од овие причини постои позитивен моментум меѓу двете земји. Мислам дека граѓаните во двете земји можеби се подготвени да слушнат одредени солуции, што се од нивни заеднички национален интерес, но исто така дека има одреден компромис тоа да се реши – рече Нимиц.
Претходната рунда преговори, која беше прва по тригодишниот застој во процесот, се одржа во Брисел на 11 и 12 декември, кога беше најваено дека Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите, со цел да се најде решение.
Новата рунда разговори доаѓа во период на интензивирани активности и оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон за конечно затворање на спорот.
На состанокот во Њујорк, како што објави МИА, се очекува Нимиц да стави на маса иницијална рамка за надминување на разликите околу името. Ова беше потенцирано на последата средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, која се одржа во Солун минатата недела, а за која двете МНР-а не изнесуваа ниту време, ниту локација сè до нејзиното одржување.
Димитов и Коѕијас се договорија да имаат подиректна улога во разговорите со цел да се поттикне забрзуваење на решавањето на спорот, а за таа цел договорија и формирање на работни групи, со кои ќе раководат лично тие и кои првиот состанок ќе го имаат следниот месец.
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас изминатите денови изјавија дека постојат можности да се најде решение за спорот во првата половина на 2018 година. Според најавите во маедиумите и во Грција и во Македонија, можна е средба на двајцата премиери на а Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија,. Освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете земји Дмитров и Коѕијас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст