| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени најголемите лаги на кланот Кардашијан

Во идеален свет реалната телевизија не би била лажна и членовите на семејството Кардашијан не би им биле идоли на многу луѓе во светот светот.

Пред 2007 година никој не знаеше за нив, но по секс-снимката на Ким Кардашијан започна лудилото Кардашијан. Иако живеат во реално шоу веќе десет години, многу реалност во нивниот живот нема, а Во текот на овие 10 години минати во фокусот на вниманието многу нивни лаги беа разоткриени:

Куќата во нивното реално шоу не е нивниот вистински дом

Гледајќи го шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ постојано гледаме куќа со прекрасен екстериер, но тоа всушност не е вистинскиот дом на семејството.

Вистинската куќа, во сопственост на Крис Џенер, се наоѓа на околу 20 минути возење од куќата во која снимаат. Откако фановите ја разоткрија ситуацијата, Ким изјави дека кога во шоуто има снимки на екстериерот, тие се направени на куќа во соседството, но дека снимките направени внатре се од нивната вистинска куќа.

Тежината на Ким по бременоста

По раѓањето на нејзиното второ дете, Ким откри дека се бори со килограмите и дека имало мигови кога се гледала во огледалото и мислела дека никогаш повторно нема да биде истата.

Шест месеци подоцна таа тврдеше дека ослабела 27 килограми, но нутриционистите направија пресметка според нејзината висина и изгледот и открија дека лаже за бројот на килограмите во периодот по бременоста.

Операциите на Кајли Џенер

Гледавме како магично усните на Кајли Џенер стануваат пополни, а нејзиниот нос ја менува формата преку ноќ.

Пред неколку години Кајли изјави дека нејзината уста е природна и не ѝ правела ништо, а потоа во нивното шоу призна дека ставала привремени филери.

Добротворните активности на Ким Кардашијан

Ким често се фали колку многу пари дава во добротворни цели.

Но, фановите без навистина лути кога дознаа дека само 10 проценти од парите од нејзините аукции на eBay биле дадени во добротворни цели, а претходно најавила дека сите собрани пари ќе имаат таква намена.

Криењето на неверствата на Ламар во бракот со Клое Кардашијан

За време на бракот на Клое Кардашијан и кошаркарот Ламар Одем имаше гласини дека тој ја изневерува, но Клое негираше сè.

Потоа таа призна дека лажела и прикривала сè. „Криев секој пат кога ќе дознаев нешто, но сега е готово со тоа“, ѝ кажа Клое на својата сестра Кортни во реалното шоу.

Ким и Канје биле свршени пред јавно да се случи запросувањето

Канје Вест ја запроси Ким на нејзиниот 33-ти роденден со 15-каратен дијамантски прстен во Сан Франциско.

Пред да се свршат Канје и Ким добија бебе, па сите знаеја што следува наредно. Но, интересно е што во една епизода од реалното шоу Ким го носи свршеничкиот прстен пред официјалното запросување да се случи.

Лажните солзи на Ким Кардашијан

Адвокатите на поранешниот сопруг на Ким, Крис Хамфрис тврдеа дека Ким користела специјални капки за да предизвика солзи во очите и да направи драматични сцени. Тие тврдеа дека ваквото однесување на Ким е доказ за нејзината измама во бракот.

Информацијата дека таа сервирала лажни солзи ја потврдија и луѓе што работеле со неа на снимањето на нејзиното шоу.

Транзицијата во Брус во Кејтлин Џенер

Крис Џенер тврдеше дека никогаш не знаела за желбата на нејзиниот сопруг Брус да се преобрази во жена.

Но, во една пригода Клое изјави дека нејзината мајка открила за борбата во главата на Брус уште на нивниот трет состанок.

Трпезата на Клое за Денот на благодарноста

Клое на социјалните мрежи постојано покажува колку професионално приготвува оброци во кујната.

Но, во 2016 година за Денот на благодарноста таа прикачи фотографија од колачиња и пити и откри е многу горда на тоа што го направила. Потоа фановите открија дека тоа не е нејзино дело, туку на една пекарница чија сопственичка јавно проговори откако се изнервирала што Клое ги преземала заслугите за питата што ја направила таа.

извор: Црно-бело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top