Екипа на тиранската телевизија „Топ-чанел“, која била ангажирана за следење на изборниот процес во албанскиот град Лач, била нападната од група засега неидентификувани лица.
Новинарката Арта Бериша информираше дека физички бил нападнат нејзиниот снимател Лорик Бајрами, комуму била искршена и камерата. Според неа, причина за овој инцидент било снимањето на едно избирачко место кога група на луѓе на гласачите им се заканувале дека ако се за левицата, не ќе може да влезат и да гласаа“. Ова било снимано од страна на Бајрами, по што тој бил нападнат од групата, а камерата заедно со снимката биле уништени.
Новинарката Бериша и снимателот Бајрами случајот го пријавиле во полицијата, поднеле пријава и побарале од полицијата да ги открие напаѓачите и да ги казни. Според последните информации, полицијата ги идентификувала напаѓачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


