| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите во Србија распишани за 4 март

Претседателот на српското Собрание, Маја Гојковиќ денеска за 4 март ги распиша изборите за членови на Собранието на Град Белград.

Истовремено, таа распиша избори и за органите на локалната власт во општините Бор и Аранѓеловац.

– Сакам да ги повикам граѓаните на Белград, Бор и Аранѓеловац да излезат на изборите на 4 март. Овие избори се важни, бидејќи одлучуваат како ќе изгледа нивната иднина, изјави Гојковиќ во Парламентот.

Таа воедно ги повика политичките партии на изборите да се натпреваруваат со програми.

Повеќето партии веќе ги утврдија изборните листи и можните кандидати за иден градоначалник на Белград. И владејачките партии и опозицијата настапуваат со одделни изборни листи и кандидати.

Владејачката Српската напредна партија (СНС) на претседателот на Србија, Александар Вучиќ ма изборите ќе настапи во коалиција со Социјалдемократската партија (СДП) на Расим Љајиќ и Партијата на обединетите пензионери на Србија (ПУПС) на Милан Кркобабиќ со изборната листа „Александар Вучиќ – Затоа што го сакаме Белград“, на која се наоѓаат познати непартиски имиња од научниот, културниот и естрадниот живот во Србија, предводена од хирургот Зоран Радојичиќ.

Помалиот партнер во Владата, Социјалистичката партија на Србија (СПС) на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ на изборите оди со изборна листа во коалиција со партијата Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ – Палма и со министерот за енергетика и рударство Александар Антиќ како кандидат за градоначалник на Белград.

Како што изјави Дачиќ со Вучиќ договориле на изборите за органите на локалната власт во Белград да настапат со две одделни изборни листи, по што би коалицирале во Градското собрание.

Од редовите на опозицијата, која има големи очекувања дека ќе победи на белградските избори, досега е највено дека поранепниот градоначалник Драган Ѓилас ќе биде кандидат на Движењето на слободни граѓани (ПСП) на Саша Јанковиќ, а ја доби подршката и од Народната партија на Вук Јеремиќ и од Левицата на Србија на Борко Стефановиќ.

Претседателот на Демократската партија (ДС), Драган Шутановац ќе биде партиски кандидат за градоначалник на Белград, поддржан од Новата партија (Нова) на поранешниот премиер Зоран Живковиќ.

Социјалдемократскиот сојуз (СДС) на поранепниот српски претседател Борис Тадиќ се уште не донесе одлука кого да поддржи, ниту со кого ќе настапи на белградските избори.

Најава за самостоен настапат на изборите дојдоа од Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ и Доста беше (ДЈБ) на Саша Радуловиќ, која се уште преговара со партијата Двери. Кандидатура за градоначалник најави и досегашниот претседател на општината Нови Белград, Александар Шапиќ.

На изборите во главниот град на Србија, граѓаните не избираат градоначалник, туку само гласаат за листите на партиите или коалициите за членови на Собранието на Град Белград, кое потоа го избира градоначалникот. Меѓутоа, непишано правило е повеќето коалиции и партии уште пред изборите да ги најават своите кандидати за градоначалник.

По објавувањето на одлуката за распишување на изборите во Службениот весник, започнуваат и изборните активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top