| четврток, 6 декември 2018 |

Мухиќ гласаше воздржано: Договорот е асиметричен, Македонија прави отстапки

Пратеникот Ферид Мухииќ е единствениот кој гласаше воздржано за ратификацијата на Договорот со Бугарија. Според него Договорот не е симетричен и нема реципроцитет бидејќи македонската страна прави повеќе отстапки.

– Вообичаено е договорите за доброседство и пријателство да бидат правени врз принципи на реципроцитет и симетричност. Мора да кажеме дека овој договор не е граден врз основа на приницпите за реципроцитет и не е сосема симетричен. Има клучни точки во кои тој отстапува од овој модел. Многу значајно е да се нагласи дека македонската страна прават напори и отстапки кои не се вообичаени. Со тоа ја нагласуваат својата добра волја. Сите овие афирмативни елелмнти се знаајни но треба и да се види дека она што се добива со овој договор има и своја цена . Таа цена е вредноста на македонскиот гест. Гестот на македонската влада е благороден и крупен гест, рече Мухиќ.

Собранието го изгласа предлог законот за ратификација на Договорот за пријателство и добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија со 61 глас „ЗА“. Опозицијата не присуствуваше на седницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top