Покрај големите укажувања од правните и уставните експерти дека Законот за употреба на јазиците е неуставен и ја прави Македонија двојазична држава со што се надминува и Рамковниот договор, Владата на СДСМ и албанските партии минатата недела во Собранието сепак го изгласаа. За употреба на овој закон сите граѓани ќе ја платат цената. Но, колку навистина ќе ја чини Македонија и нејзините граѓани оваа двојазичност, ќе покаже наредниот период. Последиците по државноста и општествените односи веќе се надзираат а во следната анализа ќе се обидеме да изанализираме колку пари ќе ја чини Македонија оваа двојазичност?
За да се имплементира новиот Закон за употреба на јазиците потребни се нешто над 1.7 милиони евра. За да функционираат Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторат за употреба на јазиците, кои дополнително допрва треба да се формираа, само за годинава ќе има требаат потребни 260 илјади евра. Дополнително многу повеќе пари ќе им треба за постоечките институции.
Новите вработувања во двете нови институции, во Законот за употреба на јазиците стои дека еден ден ќе бидат превземени од други држави институции, односно од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Но, од Владата тврдат дека не дел туку сите вработени ќе бидат превземени.
„Во оваа фаза рано е да се каже колку вработени ќе има во новите институции. Тоа допрва ќе се анализира. Но нови вработувања нема да има. Ќе се искористат постојните капацитети на јавната администрација. Сите трошоци за импелентација на законот се испланирани во буџетот за 2018 година.“
Во Агенцијата за примена на јазикот покрај овластени судски преведувачи ќе се вработат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. Работни обврски на овие лица ќе бидат лекторирање на сите акти што се објавуваат во Службениот весник на Република Македонија, ќе ги преведуваат и лекторираат и документите во сите државни институции.
За работат на Инспекторатот за употреба на јазиците ќе се пишува нов закон. Оваа институција ќе биде во состав на Министерството за правда, но ќе има својство на правно лице. Во рок од шест месеци називите на институциите треба да се напишат на три јазици, македонски, албански и англиски, додека печатите на институциите ќе бидат само на македонски и албански јазик.
Употребата на албанскиот јазик во институциите ќе треба да се овозможи во рок од шест месеци.
Во Буџетот за 2018 година се обезбедени 1, 46 милион евра. Во рок од шест месеци од носење на Законот, треба да се овозможи целосна употреба на јазикот.
Трошоците на нотарите и на извршителите кои исто така се задолжени да го применуваат Законот не се пресметани во Буџетот, така што тие ќе плаќаат од свој џеб.
Во Законот за употреба на јазиците стои и дека Владата веднаш ќе треба да започне кампања за покренување на јавната свест за примена на овој закон.
Ова се само првични предвидени трошоци за употреба на Законот за јазици, дополнително можно е да се јават и нови трошоци кои ќе треба да се плаќаат од парите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст